За разлика од теренот, каде што се истакнува од натпревар во натпревар и покажува зошто е најголемата фудбалска сензација во светот, суперталентираниот Ламине Јамал поминува низ многу „неволји“ на љубовен план.
Во текот на летото Јамал уживаше во прегратката на својата избраничка Алекс Падила, а парот заедно отпатува во Грција. Шпанката заедно со Јамал ја прослави титулата европски првак во центарот на теренот во Берлин и позираше со трофејот, а потоа младиот пар отпатува за Грција на летен одмор. Но, работите тргнаа во надолна линија по враќањето во Шпанија и за време на подготовките за новата сезона, бидејќи на социјалните мрежи се појави видео во кое Алекс Падила седи во скутот на друг млад човек и вели дека „не треба да се снима бидејќи тоа ќе ја уништи.”

Тоа се случи, а Јамал веднаш и раскина. Сепак, Алекс Падила не престанува да го провоцира својата поранешен партнер.
Алекс вчера на својата инстаграм стори објави фотографија на која позира во дресот на соиграчот и пријател на Јамал, Ансу Фати, исто така млад фудбалер на Барселона. Шпанците, се разбира, веднаш ја означија оваа фотографија како сериозна провокација.
