ФУДБАЛ

Јан Облак покажа зошто за многумина е најдобар голман на светот (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид денес ремизираше на домашен терен против Реал Мадрид (1:1) во дербито од 26. коло во Ла Лига.

Атлетико поведе од 15. минута кога Луис Суарез постигна одличен погодок, но на две минути пред крајот на натпреварот Реал стигна до реми со голот на Карим Бензема.

Само неколку минути пред тоа, Бензема имаше уште една шанса кога се обиде двапати, но Облак реагираше маестрално и двата пати.

Облак покажа зошто се вели дека е еден од најдобрите голмани во светот.

ПОВРЗАНО

Ла Лига