Јапонскиот фудбалер Такефуса Кубо потпиша шестгодишен договор со Реал Мадрид.
Кубо е најновиот член на „Кралевите“, но пристигнувањето на 18-годишниот во Мадрид, се разбира, не е пропратено, како што е беше со Јовиќ, Азар или Менди од Лион.
Младиот играч следната сезона ќе игра за резервниот тим на Реал Мадрид. Тој играше за младинската селекција во Барселона, која ја напушти во 2016 година.
Иако Барса сакаше да го врати, тој се одлучи за Реал Мадрид. Сега се појави приказната дека Барса направи грешка бидејќи мислеше дека има договор до следното лето, додека Реал беше попрецизен, па веднаш дознаа дека договорот истекол на 1 јуни и го одведе во Мадрид за малку пари.
Неговиот клуб Токио ќе заработи два милиони евра од овој трансфер.