Македонија вчера дебитираше на ЕП, со пораз од Австрија 3-1.
Украина исто така синоќа со пораз го отвори ЕП, беа поразени од Холандија со 3-2.
Украинците во еден момент се вратија во игра, имаа разлика од 2 гола, но изедначија на 2-2 за само 4 минути, но сепак беа поразени.
Јармоленко синоќа постига прекрасен гол, кој сигурно ќе влезе во конкуренцијата за избор на најубав гол.
That goal from Yarmolenko. Thing of beauty. 😍pic.twitter.com/RJvBCCLVvP
— Ahad (@ahadfoooty) June 13, 2021
Андриј Јармоленко во интервјуто по натпреварот посочи дека треба да издвојат победа против Македонија доколку сакаат да ја минат групата.
„Тренерот ќе ја донесе конечната одлука за тактиката, ќе го анализира следниот ривал и ќе ни каже кои грешки треба да ги поправиме. Ние треба да се подготвиме и да победиме против Македонија ако сакаме да ја минеме групата“, вели Јармоленко.
Македонија ке се соочи со Украина на 17. јуни во Букурешт, со почеток во 15:00 часот.