Лионел Меси ја напушти Барселона во летото 2021 година и кариерата ја продолжи во францускиот ПСЖ.
Славниот Аргентинец во солзи го напушти каталонскиот клуб. Поради финансиската ситуација не можеше да остане во клубот, но работите целосно се променија за една година.
Барселона сега има опција да го ангажира Меси. Очигледно, тие ќе се обидат да го направат тоа летото следната година.
💣 Refichaje de Messi
💥 Ancelotti mima a Casemirohttps://t.co/rF70GuwrPT pic.twitter.com/qMHxEXSBq4
— Diario SPORT (@sport) July 30, 2022
Тренерот на каталонскиот гигант Чави Ернандез јасно стави до знаење дека верува дека Меси мора повторно да го облече дресот на својот сакан клуб.
“Посакувам да не заврши времето на Меси. Мислам дека тој ја заслужува втората фаза од кариерата во Барселона. Тоа е моја желба. Ако прашањето е дали сакам да се врати, одговорот е апсолутно потврден”, изјави Чави.