Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, е познат како човек кој секогаш вели што мисли.
Германецот ги предводеше Ливерпул до трофејот од ЛШ, а целта да се освои тој трофеј, на кој Ливерпул чека 30 години, конечно беше исполнета.
Ливерпул потрошија многу пари за засилување во изминатите години, а Клоп признава дека тие едноставно се принудени да го сторат тоа, бидејќи другите трошат многу.
„Секој клуб троши многу пари и ние треба да го сториме истото“, изјави Клоп за „ЗДФ“, и продолжи:
„Ливерпул е амбициозен клуб и ако не ги инвестираме истите пари како и останатите, нема да бидеме конкурентни. Сите клубови трошат премногу и ние сме принудени да го сториме истото“, додаде Клопп.
Најскапиот трансфер во историјата е Виргил ван Дијк, кој е платен 77 милиони фунти, а потоа Алисон, Кеита, Бентеке, Фабињо, Салах, Мане …
Пред Клоп и Ливерпул сега е голем предизвик да се брани титулата во ЛШ, но сигурно првата цел е освојување на титули.