Ливерпул вечерва го игра првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против РБ Лајпциг.
„Црвените“ се во многу лоша серија на резултати, а Лигата на шампионите може да биде само „шамарот“ што им е потребен оваа сезона.
Покрај значењето на резултатот, Клоп вечерва ќе се обиде да го заврши трансферот за летото, пренесуваат островските медиуми.
Георгино Вијналдум го напушта „Енфилд“ на лето, а Клоп гледа како идеална замена кон 26-годишниот Марсел Сабицер, кој е еден од главните адути на Лајпциг и капитен на тимот.
Споменатиот фудбалер може да ги покрие сите позиции на средината на теренот, а неговата моментална вредност е 42 милиони евра.
За репрезентацијата на Австрија одигра 46 натпревари и постигна осум голови.