ФУДБАЛ

Јирген Клоп за зимскиот преоден рок: Ако се укаже можност, ќе купиме

Менаџерот на Ливерпул , Јирген Клоп сподели какви се плановите на клубот за зимскиот преоден рок. Тој призна дека би можеле да привлечат нови играчи „ако има можност“.

„Секогаш сме отворени за трансфери, но не треба сега да почнеме да зборуваме за тоа. Ако има можност, ќе ја искористиме. Ако вратата е отворена, ќе бидеме и ние отворени. Тоа не е прашање на желба “, коментира Германецот за „Liverpool Echo“.

„ Се разбира, ние секогаш сакаме да го направиме тимот подобар. Но, исто така, веруваме во работата на тренинзите дека сепак можеме да бидеме подобри. Да видиме што ќе се случи потоа “, додаде Клоп.

Неговиот Ливерпул моментално е на 6-тото место во Премиер лигата. Мерсисајдерите во 14 кола собраа 22 бода.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига