Во неделата навечер, Германија ја победи Романија со 1-0, а по тој натпревар, според утврдениот протокол, се одржа и официјална прес-конференција.
Околу 30 романски новинари го чекаа Јоаким Лев. Иако ја почитуваа дистанцата и носеа маски, Лев ги замоли да ја напуштат просторијата за новинари.
Новинарите си заминаа, па Лев одржа прес-конференција преку видео врска.
По Лев, зборот го доби романскиот тренер, кој за разлика од Лев, дозволи присуство на новинари во салата.
Потсетуваме, Германија ги победи Романците со 1:0, а голот го постигна Серж Габри во 17-та минута, па „панцирите“ имаат максимален ефект од првите две кола.