ФУДБАЛ

Јоаким Лев ја напушта германската репрезентација!

Јоаким Лев е избран за селектор на Германија во 2006 година и по 15 години реши да се повлече.

Лев заврши одлична работа со германската репрезентација која стана светски шампион на СП 2014 во Бразил.

Сепак, по 15 години Лев одлучи дека е време за заминување и нови предизвици и најави дека ќе ја напушти селекторската позиција по Европското првенство што се игра ова лето.

61-годишниот стручњак има договор на уште една година, но рече дека е време за некои нови предизвици и се чини дека тој конечно ќе се обиде во клупскиот свет.