Иако беше прогласен за МВП во регуларниот дел од сезоната, Никола Јокиќ ја заврши сезоната со метла во второто коло од плејофот во НБА.
Јокиќ и Денвер Нагетс беа едноставно немоќни против Феникс Санс, и на крајот загубија со 4-0 во серијата што навистина ретко кој може да го очекува.
И во четвртиот натпревар, „Санс“ беа подобар тим. Тие ја славеа победата 118:125. Во текот на целиот натпревар тие беа во водство и заслужено победија.
https://youtu.be/m4ANtGhiUE8
Пол и Букер беа брилијантни со 37, односно 34 поени. На другата страна, освен Јокиќ со 22 поени и 11 скока, се истакна Бартон со 25 поени.
Инаку, настапот на Јокиќ заврши во третата четвртина кога беше исклучен поради што беше премногу агресивен и излишен фаул над Камерун Пејн.
Jokic got ejected after this hard foul on Payne 😯 https://t.co/EvG1Dfvuub
— Bleacher Report (@BleacherReport) June 14, 2021
Во финалето на Западот, „Санс“ ќе го чекаат подобриот од дуелот помеѓу Јута Џез и ЛА Клиперс, каде „џезерите“ имаат три предност од 2:1.
На исток, Милвоки Бакс се вратија од мртвите против Бруклин Нетс. На стартот на втората четвртина тие имаа двоцифрен минус, за на крајот да триумфираат со 107: 96 за 2: 2 во серијата.
https://youtu.be/8t2ertIhFBo
Антеетокумпо беше фантастичен со 34 поени и 12 скока, додека Дурант беше најдобар кај поразените со 28 поени и 13 скока.