Најдобриот светски кошаркар Никола Јокиќ само 24 часа откако против Вашингтон постигна 56 поени, одигра уште една блескава партија.
Во победата на Денвер над Атланта од 114:111, тој постигна 48 поени со 14 скока и осум асистенции и со тоа оствари подвиг што НБА го чека 61 година.
Тоа беше негов втор последователен натпревар со 45/10/5 цифри во клучните категории и е само втор во историјата на лигата што споил такви два натпревари. Пред него, само Вилт Чембрлен успеа во 1963 година.
Во овие 48 поени, српскиот кошаркар „вгради“ и феноменална тројка од центарот, што е негов „најлуд“ кош во кариерата. Меѓу останатите резултати ќе го издвоиме четвртиот сезонски пораз на Кливленд, од Мајами со резултат 122:113, додека Јусуф Нуркиќ не настапи во поразот на Феникс Санс од Орландо со резултат 115:110, ниту пак Лука Гарза чија Минесота беше поразена од Голден Стејт со резултат 114:106.
