ФУДБАЛ

Јота го собори поранешниот клуб и ги врати „Црвените“ на победничките патеки, натпреварот беше засенет од повредата на Патрисио (ВИДЕО)

На последниот натпревар од 28.коло од Премиер лигата, Ливерпул гостуваше кај Молинекс, каде славеше со минимални 1:0.

Тие не паметат ваква криза на „Енфилд“, но кога не можат да освојат бодови на домашен терен (шест последователни порази), тогаш барем можат на гости.

Синоќа во Вулверхемптон, актуелниот шампион на Англија дојде до значајна победа, а голот на одлука го постигна Диого Јота по додавањето на Садио Мане во 45-та минута.

Можеби се очекуваше повеќе од самата игра, но гостите ќе бидат задоволни од исходот и со 46 поени стигнаа до шестото место, но сепак се пет бода помалку од екипите од Топ 4.

За жал, на крајот од натпреварот домашниот голман Руи Патрисио беше сериозно повреден кога се судри со неговиот соиграч Коади, па му беше укажана помош околу 15 минути пред да биде изнесен на носила и ќе биде пренесен во болница.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига