Македонскиот тенисер Томислав Јотовски го загуби мечот од првото коло во сингл конкуренција на фјучрсот што се игра во Хамамет, Тунис. Тој денеска загуби од четвртиот носител Џерард Гранољес-Пујол со 2-0 во сетови (6:3 и 6:4 во гемови).
Во првиот сет по 2:2 во гемови Гранољерс-Пујол успеа да поведе со 5:2 и да го реши сетот во своја корист. Во вториот сет Јотовски имаше водство од 4:3 во гемови, но противникот пак освои три гема во серија и го доби мечот.
Јотовски утре заедно со Резарт Цунгу од Црна Гора во игра на двојки во четвртиналето ќе играат против Стивен Диез (Канада) и Бруно Мардонес (Шпанија).