ФУДБАЛ

Јовиќ е повреден и не патува на мечот со Шахтјор

Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ заработи повреда на скочниот зглоб на тренинг и нема да биде во конкуренција за натпреварот од Лигата на шампионите со Шахтјор.

Според „Маркa“ и некои други шпански медиуми, српскиот фудбалер се здобил со повреда по невнимателниот старт на еден од неговите соиграчи.

Заедно со Јовиќ се повреди и Еден Азар, а во Киев нема да бидат Бејл, Иска, Карвахал и Себаљос.

Натпреварот помеѓу Шахтјор и Реал Мадрид се игра во вторник во 21 часот.

Тоа ќе биде важен натпревар за двете екипи во групата во која Шериф е прв со шест бода, Реал втор со три, додека Интер и Шахтјор имаат по еден бод.