Српскиот напаѓач Лука Јовиќ не блеска во редовите на Реал.
Иако е платен 60 милиони евра, Јовиќ досега не ги оправда очекувањата и се споменуваше дека тој може да замине на позајмица.
Сепак, тој остана, стартувајќи три натпревари во Ла Лига и доби шанса од клупата на шест натпревари. Тој има постигнато само еден гол, но во редовите на „Кралевите“ веруваат дека како што одминува времето, тој ќе ги потврди неговите квалитети.
Јовиќ пристигна во Шпанија од Ајнтрахт Франкфурт, каде што блескаше, на 32 натпревари во Бундеслигата постигна 17 голови и ја воодушеви тамошната јавност.
Тој доби бројни признанија, а еден пристигна деновиве. Имено, во изборот на Сојузот на професионални фудбалери на Германија тој беше прогласен за најдобар напаѓач на Бундеслигата минатата сезона.
Тој доби 75,8 проценти од гласовите на фудбалерите кои учествуваат во овој избор.