Српскиот напаѓач Лука Јовиќ има неколку понуди на маса.
Јовиќ се врати во Реал по позајмица во Германија, но минутажата засега е многу скромна.
Српскиот напаѓач оваа зима би можел повторно да отпатува во Германија, но не и во Франкфурт.
Според шпанските медиуми, негов нов клуб би можел да биде Борусија Дортмунд.
Борусија ќе го земе Јовиќ на позајмица, а подоцна ќе потпише повеќегодишен договор.
Јовиќ пристигна во Реал од Франкфурт за 60 милиони евра, но не ги оправда очекувањата.
Тој имаше проблеми и со повреди во жестоката конкуренција.