Поранешниот соиграч на Лука Јовиќ во Ајнтрахт Франкфурт, Александар Мајер, верува дека напаѓачот ќе започне да блеска во Реал.
Јовиќ е во лоша форма, откако не успеа да најде начин да постигне гол во дресот на Реал, пренесува. Реал го доведер Јовиќ за 60 милиони евра во текот на летото и Мајер верува дека Јовиќ ќе може да ја докаже својата вредност.
„Можете да видите за две или три недели колку добар ќе биде. Совршен е кога е можно. Кога ќе се преселите во нов клуб, потребно е време за да се прилагодите, сигурен сум дека за кратко време ќе се покаже“, рече тој.
Реал Мадрид оваа сезона е непоразен во ЛаЛига и е на првото место со 18 бода, два повеќе од Барселона која е на второто место.