Многу се шпекулира каде ќе ја продолжи кариерата, а се поврзува со голем број клубови.
Српскиот напаѓач дојде во Реал за 60 милиони, но не играше многу.
Не беше во форма, а подоцна имаше проблеми со повреди.
Дефинитивно се покажа дека е промашување на Кралевите, но сега ќе се соочи со нови предизвици.
Се чини дека негов нов клуб ќе биде Борусија Дортмунд.
Јовиќ има договор со Реал до 2025 година, а во Борусија најверојатно би пристигнал на позајмица, со опција за откуп на договорот.
Борусија сигурно ќе остане без Ерлинг Халанд кој најверојатно ќе отпатува за Мадрид.