ФУДБАЛ

Јовиќ оптимист: 23 години, член сум на Реал, играм една од најдобрите лиги во светот …

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ се обидува да се врати во голгетерска форма во Ајнтрахт Франкфурт.

Тој не се појави во Реал, па беше земен на позајмица по што покажа дека не „заборавил“ да игра.

Тој неодамна призна дека не е во најдобра физичка форма, со оглед на тоа што имаше проблеми со повредите во Реал.

“Имам 23 години, играм една од најдобрите лиги во светот, во одличен тим. Се надевам дека ќе се пласирам на СП со Србија, и важно е да се знае дека сè уште сум член на Реал. На моментот, најважно за мене е да се вратам во форма. “, рече Јовиќ.

Тој неодамна изјави дека имал проблеми со Зидан во Реал од неверојатна причина.

“Не би навлегувал во детали. Секако дека тие се феноменални тренери. Јас веќе му реков на Зидан дека е искрен и феноменален човек. Имам подобра комуникација со сегашниот тренер затоа што двајцата зборуваме англиски. Комуникацијата со Зидан беше лоша затоа што тој не зборува англиски, а јас не знам шпански “, истакна Јовиќ.