Лука Јовиќ би можел да го напушти Реал Мадрид ова лето.
Српскиот напаѓач беше платен дури 60 милиони евра на Ајнтрахт, но не ја оправда довербата.
Тој ретко добива шанса, а шпанскиот „Дон Балон“ пишува дека тој исто така е „пречкртан“ во плановите на Зинедин Зидан.
Јовиќ има одиграно вкупно 24 натпревари оваа сезона и има постигнато само два гола во Ла Лига.
„Дон Балон“ пренесува дека Наполи покажа најголем интерес за неговите услуги.
Проблемот, се разбира, е обештетувањето, а наводно во Наполи се подготвени за заем со можност за купување на договорот.
Претходно, Јовиќ се поврзуваше и со Интер, Милан, Арсенал …