ФУДБАЛ

Јунајтед донесе одлуката за Солскјер

Оле Гунар Солскјер наскоро ќе стане поранешен тренер на Манчестер Јунајтед.

Долго време, раководството на Јунајтед го поддржува Солскјер, но поразот од Ливерпул со 5:0 на „Олд Трафорд“ е сe уште нешто што тие не можат и не сакаат да го надминат.

Според странските медиуми, донесена е одлука, клубот наскоро ќе го извести Солскјер дека тој повеќе не е тренер, па речиси сигурно е дека Норвежанецот нема да седне на клупата на ѓаволите на дербито против Тотенхем следниот викенд.

Извршниот директор на Јунајтед, Ричард Арнолд денеска разговараше со сопствениците на клубот, и на сите им е јасно дека Солскјер не е доволно добар да го води тимот на Јунајтед.

Што се однесува до Солскјер, тој има намера да остане, а по тешкиот пораз од Ливерпул изјави: „Отидовме предалеку како тим за да се предадеме сега“.

Во моментот кога веста за отпуштањето на Солскјер ја гледа светлината на денот, Јунајтед ќе почне да бара нов менаџер, а во моментов Зинедин Зидан и Антонио Конте се најспоменувани како негови наследници.