Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг е прогласен за најдобар тренер во Премиер лигата за месец ноември.
Во тој период Јунајтед победи на сите три натпревари и тоа 0:1 на гостувањето кај Фулам, 1:0 дома против Лутон и 0:3 на гостувањето кај Евертон.
Јунајтед имаше перфектен ноември со максимален учинок и без примен гол, но субјективното чувство на секој навивач на „црвените ѓаволи“ е дека се уште не е се во ред во клубот.
Некои медиуми пишуваа дека работите во соблекувалната биле лоши, дека играчите се свртеле против Тен Хаг, па Јунајтед дури им забранил на некои медиуми да присуствуваат на прес-конференциите.
Претходно Хари Мегваер, исто така често омаловажуван стопер на Јунајтед, беше награден за најдобар играч во лигата за истиот период.
