Манчестер јунајтед го гледа тренерот на Тотенхем како идеален наследник на Солскјер, кој би можел да замине на крајот на сезоната
Манчестер јунајтед бара нов тренер за следната сезона.
Според британскиот весник „The Sun“, „црвените ѓаволи“ го гледаат сегашниот тренер на Тотенхем, Маурисио Покетино.
Дури и клубот од „Олд Трафорд“ е подготвен да плати огромна сума на пари само за да го убеди аргентинскиот тренер да слета во Театарот на соништата.
На Тотенхем не му оди баш добро оваа сезона по огромниот успех од минатата сезона, кога стигнаа до финалето во Лигата на шампионите.
Јунајтед пак е подготвен да плати околу 35 милиони евра за да го откупе договорот на Покетино за да го донесе во Манчестер.
Реал Мадрид исто така покажа интерес за тренерот на Аргентина.