ФУДБАЛ

Јунајтед го држи рокордот за потрошени пари на плати во Премиер лигата

Мајчестер Јунајтед моментално е клуб кој исплаќа најмногу во Премиер лигата.

ВО сезоната 2018/2019, тие потрошиле 352 милиони фунти, за плати на нивните играчи и вработени. Минатата сезона потрошија 56 милиони помалку.

 

Единаесет фудбалери на Јунајтед земаат повеќе од 100.000 фунти неделно, а четворица заработија повеќе од 200.000 фунти секој.

На второто место по овој индикатор е Манчестер Сити. „Граѓаните“ платија 315 милиони фунти во форма на плати за минатата сезона. Челси е трет со 1 милион помалку, а скоро сигурниот шампион Ливерпул е на четвртото место со 310 милиони.

Топ 6 ги надополнуваат Арсенал и Тотенхем. Севкупно, екипите на „големата шесторка“ платија 1,7 милијарди долари минатата сезона.

Просечната годишна плата за целата Премиер лига е 158 милиони фунти, што значи дека платите на „Олд Трафорд“ се повеќе од двојно повисоки од просечните.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига