Фудбалерите на Манчестер Јунајтед постепено се враќаат на тренинзите, по проблемите кои ги имаа поради ширењето на корона вирусот, соопштија од клубот од Олд Трафорд.
Тренинг центарот во Корушка беше затворен поради голем број заразени играчи и спортски работници, но повторно беше отворен во вторник.
„Менаџерот Ралф Рангник и неговиот тим ќе имаат време да се подготват за следниот натпревар – против Њукасл на Сент Џејмс Парк во понеделник“, се вели во соопштението.
Претходно „црвените ѓаволи“ го одложија дуелот со Бретфорд и Брајтон.
Потсетуваме, Премиер лигата во понеделникот излезе со соопштение во кое најави дека нема да има паузи во натпреварувањето, туку дека празничната програма ќе продолжи.
ℹ️ The latest news on the Reds' return to training 👇#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) December 21, 2021