Манчестер јунајтед има главна цел за идниот трансфер период и тоа е Деклан Рајс. Како што објавија англиските медиуми, „црвените ѓаволи“ сакаат да го во тимот да го имаат англиски талент кој воодушевува од неговите настапи со Вест Хем.
Вест Хем бараат барем 80 милиони фунти да го ослободат својот „скапоцен камен“. Прилично висока бројка, но за Јунајтед не е важно, бидејќи Рајс се чини дека е главен приоритет за Јунајтед. Солскјер многу го сака 20-годишникот и тврди дека со неговото пристигнување ги решава проблемите во средниот ред.