Продолжуваат шпекулациите за јануарски трансфери.
Островскиот „Гардијан“ ја пренесува веста дека Стивен Џерард би можел да остане без еден од најдобрите играчи.
Наводно, Манчестер Јунајтед е заинтересиран за играчот од средниот ред на Астон Вила, Џон Мекгин, кој сезонава забележа 18 настапи за Вила, постигна три гола, забележа две асистенции и е еден од играчите кој е многу важен во играта на тимот од Вила Парк.
Цената на Мекгин според трансфер планот е 30 милиони евра, а бидејќи има договор со Астон Вила до летото 2025 година, прашање е колку тимот од Бирмингем би барал шкотски играч од средниот ред, но Јунајтед се чини дека е решен да го донесе него во своите редови.
Споменатиот фудбалер собра и 42 настапи за шкотската репрезентација и постигна 11 голови.