ФУДБАЛ

Јунајтед и Барса отвораат преговори, Ракитиќ се сели на „Олд Трафорд“?

Манчестер Јунајтед повторно се интересира за Иван Ракитиќ, објавија медиумите во Шпанија.

Ракитиќ претходно се поврзуваше со Јунајтед, а сега англискиот клуб го зајакнува интересот и желбата да го донесе хрватскиот играч, за кој се смета дека е замена за Пол Погба, бидејќи Французинот речисе се пресели во Реал Мадрид.

Јунајтед ја контактира Барса пред неколку недели за да се обиде да преговара околу Ракитиќ и Умтити, а сега повторно се јавуваат од „Олд Трафорд“, но само за да ги наговорат Каталонците да го продадат поранешниот играч на Севиља.

Манчестер има сериозен проблем бидејќи не игра во Лигата на шампионите, и тоа е нешто што ја кочи работата кога станува збор за потпишување на играчи, но се верува дека Јунајтед има добри шанси да го доведе Ракитиќ.

Операцијата Ракитиќ продолжи, Јунајтед е првиот фаворит за да го донесе, а Барселона не сака да преговара за износ помал од 50 милиони евра.