Манчестер јунајтед планира да биде силно засилен во јануарскиот преоден рок. „Црвените ѓаволи“ се подготвени да понудат 100 милиони фунти за англискиот талент кој успешно игра за Борусија Дортмунд
Манчестер јунајтед се подготвени да се засилат во јануарскиот преоден рок, со оглед дека ја започнаа новата сезона на прилично лош начин.
Британскиот весник „Дејли Мирор“ пренесува дека англискиот гигант го привлекол вниманието на Санчо од Борусија Дортмунд.
Според медиумите, клубот од „Олд Трародри“ оддвоил скоро 100 милиони фунти или 115 милиони евра за англискиот фудбалер.
Санчо има постигнато 3 гола и обезбеди 6 асистенции на 8 натпревари во Бундес-лигата оваа сезона.