ФУДБАЛ

Јунајтед испраќа понуда од 80 милиони фунти за ѕвездата на Лестер

Манчестер јунајтед ќе се обиде да го доведе во своите редови фантастичниот фудбалер на Лестер, Џејмс Медисон.

Според англиските медиуми, „црвените ѓаволи“ ќе започнат со „потера“ за голем фудбалер оваа зима, а планираат во своите редови да донесат во текот на летото.

Понудата нема да биде мала. Јунајтед се подготвени да потрошат дури 80 милиони фунти за фудбалерот, со тоа што Солскјер го назначи Мадисон како приоритет, број еден за летниот трансфер период.

Пред неколку месеци Лестер и Јунајтед тргуваа добро. „Црвените ѓаволи“ го купиле Хари Мегваер за 80 милиони фунти и сигурно дека и овој трансфер ќе биде голем за лисиците.

Медисон беше одличен оваа сезона. Без дилема, тој е меѓу најдобрите играчи во Премиер лигата, постигнувајќи пет гола на 17 натпревари и запиша три асистенции.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига