ФУДБАЛ

Јунајтед ја постави цената, Интер дозна колку ќе чини да се купи договорот на Алексис

Алексис Санчез, од Манчестер Јунајтед, пристигна на позајмица во Интер ова лето.

Во своите први настапи за Интер, Чилеанецот започна да го уверува Антонио Конте дека Интер треба да го откупи неговиот договор на крајот на позајмицата.

Сепак, цената на Санчез допрва треба да биде официјално договорена, но сега доаѓаат вести од Италија дека Манчестер Јунајтед може да бара „конкретна“ бројка.

И покрај лошиот старт на сезоната и недостаток на опции во нападот, Јунајтед нема намера да го врати Санчез во своите редови следното лето, и наводно бара 25 милиони евра за неговиот потпис.

Тоа е бројка која Интер ќе мора да ја плати доколку сака да го откупи договорот на Санчез или кој било друг клуб што бара да го купи Чилеанецот следното лето.

Договорот на Санчез со Манчестер Јунајтед важи до летото 2022 година.