ФУДБАЛ

Јунајтед ја постави цената за Алексис Санчес?

Манчестер Јунајтед, наводно, ја постави цената за клубовите кои сакаат да го ангажираат чилеанскиот фудбалер, Алексис Санчес.

Санчез од неговото доаѓање на Олд Трафорд во јануари оваа година, не ги оправда очекувањата. Тој не покажа ништо вредно и се повеќе се спомнува можноста за негово заминување.

Наводно, Јунајтед е подготвен да го продаде, а според „Дон Балон“, цената што ја поставија е 60 милиони евра.

Иако цената за 29-годишниот Чиленец е навистина прифатлива, неговата плата е вистински проблем за секого. Ниту еден тим не сака да плати половина милион фунти неделно, а тоа е платата на Алексис во Јунадтед.

Интересот за Алексис е покажан од ПСЖ, Јувентус и Реал Мадрид, а „Кралевите“ се фаворити за неговиот потпис.

Чилеанскиот напаѓач одигра 11 натпревари за „Црвените Ѓаволи“ оваа сезона и постигна само еден гол.