Следното лето би можело да донесе револуција во Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ се подготвуваат за промена на екипата. Првиот потег за промена се очекува да биде поврзан со голманот.
Давид де Хеа не е убедлив поради неодамнешниот блед настап. Наспроти тоа, голманот во сопственост на Јунајтед, Дин Хендерсон, прави чуда на голот на Шефилд.
Се очекува сензационална замена, а Англичанецот е подготвен да го замени Шпанецот, пренесува „Дејли меил“.
Продажбата на Де Хеа ќе биде клучна за обележувањето на Манчестер: парите што би ги добиле од продажбата би можеле да се искористат за финансирање на големиот трансфер, а тоа е Џејдон Санчо.