ФУДБАЛ

Јунајтед му дозволи на Рохо да одржува форма со својот матичен клуб

Манчестер јунајтед му даде дозвола на Маркос Рохо да тренира и одржува форма со Естудијантес.

Веста беше потврдена од аргентинскиот клуб чие дете е централниот дефанзивец.

Дваесет и деветгодишниот Рохо има само три меча оваа сезона за „црвените ѓаволи“. Последен пат тој играше против Валенсија во групната фаза од Лигата на шампионите во декември. Тој има договор со Јунајтед за уште две години.

– Нема нешто поубаво од тоа да го поминеш својот роденден дома! Маркос Рохо пристигна во Сити бел, каде што ќе има можност да тренира и одржува форма со специјална дозвола на Манчестер јунајтед, напишаа на Твитер од Естудијантес.