ФУДБАЛ

Јунајтед најде замена за Роналдо, но ќе мора да плати најмалку 100 милиони евра

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо (38) дефинитивно нема добра сезона во Манчестер Јунајтед и затоа на големо се зборува за неговото заминување на лето.

Роналдо само летово се пресели од Јувентус во Манчестер, но неговиот втор мандат на Олд Трафорд барем засега е за заборав. Португалецот добро ја започна сезоната, но како што напредува неговата форма е се послаба.

Јунајтед е во потрага по нов напаѓач и наводно во Италија најде замена за Роналдо. „Црвените ѓаволи“ сакаат да го купат Виктор Осимхен, напаѓачот на Наполи и репрезентацијата на Нигерија.

Сепак, тоа нема да биде лесно, бидејќи англискиот клуб ќе мора да плати најмалку 100 милиони евра за играч кој постигна 11 гола на 22 натпревари оваа сезона, но треба да се нагласи дека паузира два месеци поради повреда на лицето.

Според Раи Спорт, претставници на Манчестер Јунајтед веќе ги контактирале оние од Наполи и агентот на фудбалерот. Доколку на лето останат без Осимхен, Наполи веќе размислува за алтернатива. Напаѓачот на Сасуоло Џанлука Скамака би бил нов напаѓач на „наполитанците“ во тој случај, иако и Интер сака да го доведе споменатиот голгетер.

И покрај неговата лоша форма, ЦР7 е најдобар стрелец на Јунајтед во Премиер лигата со девет гола и исто така има шест гола во Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига