Верувале или не, но полни две години Манчестер Јунајтед не победи тим на гостински терен кој се најде меѓу осумте најдобри на табелата во Премиер лигата.
Таа серија продолжи и на последниот натпревар, кога Јунајтед загуби со 1-0 од Њукасл.
„Го чекав ова прашање. Знам дека ваша работа е да го видите“, им рече менаџерот Ерик тен Хаг на новинарите по натпреварот.
Холанѓанецот верува во подобри денови.
„Проблемот е таму, ќе се обидам да најдам решение со мојот стручен тим“, рече Тен Хаг.
Јунајтед по 14 одиграни кола е седми на табелата во Премиер лигата, има 24 бода, што е девет бода помалку од лидерот Арсенал.
