Манчестер јунајтед има намера да го донесе во своите редови напаѓачот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо.
Германскиот клуб ја проценува трансферната вредност на 19-годишниот Англичанец на повеќе од 100 милиони фунти, но Манчестер Јунајтед е подготвен да ја плати таа сума, пренесува „Дејли Мирор“.
Од преселбата од Манчестер сити во 2017 година, Санчо има постигнато 18 голови и 30 асистенции на 68 натпревари за Борусија.