Фудбалерите на Манчестер Јунајтед очекувано се пласираа во финалето на Карабао Лига купот на Англија по нова победа против Нотингем Форест.
Реваншот од полуфиналето на Олд Трафорд заврши со резултат 2:0.
„Црвените ѓаволи“ практично ја завршија целата работа веќе на првиот натпревар во Нотингем кога на Сити Граунд славеа со убедливи 3:0 .
Поради ова, Ерик тен Хаг одмараше некои клучни играчи како голманот Давид Де Хеа (бранеше 36-годишниот ветеран Том Хотон ), додека Маркус Рашфорд играше во второто полувреме. Како и опоравените Ентони Марсијал и Џејдон Санчо .
Марсијал беше тој што го најави триумфот на домашните во 73. минута, а само три минути подоцна, по одличната акција во која учествуваа неколку играчи на Јунајтед, Рашфорд како на чинија му асистираше на Бразилецот Фредо .
Гостите од Нотингем во ниту еден момент не се предадоа, дури создадоа неколку шанси во првото полувреме, можеа да постигнат и почесен гол, но очигледно беше дека Манчестер Јунајтед е многу посилен и повеќе од заслужено се пласираше во финалето.
Јунајтед за првиот трофеј сезонава ќе се бори против Њукасл, кој во вториот полуфинален меч беше подобар од Саутемптон . Финалето е на 26 февруари на „Вембли“.
Последниот трофеј Манчестер Јунајтед го освои во 2017 година, кога предводен од Жозе Мурињо , во финалето на Лига Европа, беше подобар од поранешниот клуб на Ерик Тен Хаг .
