Манчестер Јунајтед од следната сезона од клупата ќе го предводи холандскиот стручњак Ерик тен Хаг.
Што се однесува до доаѓањето на играчи на Олд Трафорд, се повеќе се пишува за трансфер на Френки де Јонг од Барселона, а сега се споменуваат уште две опции.
Еден од нив е откритието на сезоната, напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњез. Медиумите неодамна објавија дека е блиску до потпис за Ливерпул, но „црвените ѓаволи“ имаат намера да го спречат тоа.
Освен Ливерпул и Јунајтед, интерес за него пројавија и други тимови, меѓу кои ПСЖ и Барселона.
Уругвајскиот напаѓач имаше одлична сезона и успеа да постигне 34 гола и да додаде четири асистенции за Бенфика на 41 натпревар.
Според Goal, Манчестер Јунајтед изгледа го сака и Антони, бразилскиот напаѓач на Ајакс. Холандскиот шампион би сакал да добие преку 60 милиони евра за својот играч.
Јужноамериканецот дебитираше за својата репрезентација и има девет натпревари и два гола. Во Ајакс, Антони имаше добрa сезона во која придонесе со 32 гола на 32 натпревари.
Друг клуб за кој се шпекулираше дека е заинтересиран за услугите на Антони беше Барселона, но финансиските проблеми на Каталонците го оневозможуваат овој трансфер во моментов, па работите стануваат многу полесни за Манчестер Јунајтед.
Да потсетиме, Пол Погба на лето ќе го напушти клубот кому му истекува договорот, а се почесто се зборува за заминување на уште еден Французин, Антони Марсијал.