Вечерва започна новата сезона од Лигата на шампионите.
ПСЖ го пречека Манчестер Јунајтед, но статусот на фаворит не го оправда, на самиот крај загуби 2:1.
Јунајтед одлично го започна натпреварот, па во 23. минута Фернандеш со гол од пенал ги доведе гостите до водство.
Домаќините продолжија со притисок кон голот на Јунајтед, а до израмнување стигнаа во 55. минута по грешката и автоголот на Марсијал.
Иако домаќините правеа притисок и напаѓаа, Јунајтед преку Рашфорд успеа да слави победа во 87. минута.
Standings provided by SofaScore LiveScore