ФУДБАЛ

Јунајтед се „помири“ – Погба оди во Мадрид без обештетување

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба ќе го напушти англискиот клуб како слободен играч на лето, пренесува ESPN.

28-годишниот француски репрезентативец сака да се пресели во Реал Мадрид, а интерес за силниот играч за врска покажаа и ПСЖ и Јувентус.

Истиот извор наведува дека веќе се помириле со фактот дека „Погба“ ќе го напушти клубот без обештетување на „Олд Трафорд“.

28-годишниот Французин оваа сезона запиша 13 натпревари за Манчестер Јунајтед и забележа седум асистенции.

По четири години минати во Јувентус во 2016 година, Погба се врати во редовите на „црвените ѓаволи“ за кои дебитираше во сениорската конкуренција во сезоната 2011/12.