Стоперот на Интер Милан Шкриниар потврди дека го сакаат во Манчестер Јунајтед.
Шкриниар вели дека „слушнал“ дека го сакаат „Црвените ѓаволи“, но истакнува дека е среќен во Интер, со кој ќе игра во Лигата шампионите.
„Јунајтед? Слушнав дека ме сакаат, тоа ме прави горд, но уште посреќен сум во Интер и одлучив да останам затоа што овде ми веруваат и сакам да се оддолжам со добри игри“ рече Шкриниар.
23-годишниот репрезентативец на Словенија, во дресот на Интер одигра вкупно 40 натпревари во минатата сезона и постигна четири голови.
Наводно, се поврзувал и со Барселона, но и тогаш кажа дека Инаер му е приоритет и дека нема да замине. Останува да видиме дали ќе остане истраен во намерата да го носи дресот на миланскиот клуб и понатаму.