ФУДБАЛ

Јунајтед упорен, Палас бара 50 милиони за Ван Бисак

Манчестер Јунајтед испратил нова понуда до Кристал Палас за дефанзивецот Арон Ван Бисак, што повторно беше одбиена.

Како што е соопштено од страна на „Скај Спорт“, Манчестер Јунајтед за 22-годишниот фудбалери понуди 35 милиони фунти, плус 15 милиони евра во дополнителни плаќања.

Лондонскиот клуб, наводно, не е задоволен од структурата на оваа понуда.

Тие побараа Јунајтед да ги исплати сите 50 милиони евра. Ако Јунајтед не го донесе Ван Бисак, веднаш на мета е е Макс Аронс од Норвич.