Манчестер Јунајтед е сериозно заинтересиран за потписот на напаѓачот на Аталанта, Расмус Хојлунд.
Како што пренесува данскиот весник „БТ“, челниците на клубот од „Олд Трафорд“ сакаат да го ангажираат данскиот фудбалер веќе на лето.
„БТ“ открива како луѓе од Јунајтед испратиле писмо на адреса на Аталанта, во кое барале да ги информираат за евентуална промена на плановите за иднината на 20-годишниот фудбалер.
Јунајтед планира на лето да доведе напаѓач кој би можел редовно да постигнува голови, бидејќи Ерик тен Хаг и неговиот стручен штаб не се задоволни од бројот на голови што ги постигнува тимот.
Хојлунд оваа сезона за Аталанта постигна осум гола на 28 натпревари, додека неодамна постигна пет гола за Данска на два натпревари од квалификациите за ЕУРО против Финска и Казахстан.
Јунајтед не е единствениот кој нареди за неговиот потпис, „црвените ѓаволи“ ќе имаат голема конкуренција во Челзи, Арсенал, Реал и Барселона.
Инаку, вредноста на Хојлунд се проценува на околу 68 милиони евра.
