Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер ги одреди патниците за Белград.
„Црвените ѓаволи“ в четврток вечер ќе играат против Партизан во 3. коло од Лигата на Европа, а норвешкиот стручњак ќе има и многу повреди на овој натпревар.
Затоа Солскјер не може да смета на Де Хеа, Аксел Туанзебе, Лук Шоу, Пол Погба и Немања Матиќ. Добрата вест за него е дека Џеси Лингард е повторно на теренот.
Списокот на патници за Белград изгледа вака:
Серхио Ромеро, Ле Грант, Метју Ковар; Фил Џонс, Итан Лаирд, Виктор Линделоф, Хари Мегвајер, Маркос Рохо, Арон Ван-Бисака, Брендон Вилијамс; Фред, Џејмс Гарнер, Даниел Џејмс, Џеси Лингард, Скот Мек Томина, Хуан Мата, Андреас Переира; Мејсон Гринвуд, Ентони Марсијал, Маркус Рашфорд.
Утрешниот натпревар помеѓу Партизан и Манчестер Јунајтед започнува во 18:55 часот. После две кола, овие екипи го поделија првото место на табелата во групата Л со по четири бода.