ФУДБАЛ

Јунајтед во рок од 48 часа ќе претстави млад и екстремно скап дефанзивец

Манчестер Јунајтед во следните два дена треба да го заврши трансферот на Арон Ван Бисака од Кристал Палас.

Ван Бисака прифати да оди во Манчестер, а Палас од оваа екипа бара најмалку 50 милиони фунти.

Наводно, на крајот, трансферот ќе достигне 60 милиони фунти, а тоа ќе биде рекорд кога се работи за трансфер на британски дефанзивец.

Ван Бисака моментално е со младата репрезентација на Англија на Европското првенство во Италија.

Од Англискиот сојуз изјави дека ќе му помогнат на играчот ако мора да го напушти репрезентативниот тим за да ги изврши медицински прегледи во Манчестер.

Бисака минатата сезона одигра 35 натпревари во Премиер Лигата и запиша три асистенции.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига