ФУДБАЛ

Јувентус го сака Жоргињо, но и тој го сака Јувентус

Според „Спорт Медијасет“, Жоргињо има желбада се врати во Италија и тој би сакал да го носи дресот на Јувентус.

„Старата дама“ веќе подолго време го следи играчот и сега со Маурицио Сари на клупата, тие се убедени дека можат да го земат.

Тој ќе биде цел број еден на Јуве за следната сезона бидејќи им треба квалитетен играч од средниот ред, особено затоа што, наводно, Миралем Пјаниќ, најверојатно, ќе го напушти Торино.