Јувентус планира да го донесе Мерих Демирал ова лето.
„Бјанконерите“ се многу активни на пазарот ова лето и веќе се согласи со Сасуоло за турскиот дефанзивец Демирал, кој неодамна одигра одличен натпревар во победата над Франција (2:0).
Јувентус, наводно, е подготвен да плати 15 милиони евра со дополнителни бонуси за играч кој првично требаше да оди на заем, но сега по добрата игра во турскиот дрес, „Старата дама“ сака да го задржи.
Покрај на Демирал, Јувентус планира да го купи Хамед Траоре од Емполи.
Тој е 19-годишен играч кој игра во средниот ред и на крилна позиција, а за Емполи постигна два гола и две асистенции во 32 натпревари.