ФУДБАЛ

Јуве и Реал во војна за Пол Погба, Реал испрати мега понуда, Јуве игра на емоции и 15 милиони евра повеќе

Јувентус му понуди на Манчестер Јунајтед 140 милиони евра за трансферот на Пол Погба.

Италијанските медиуми објавија дека спортскиот директор Фабио Паратичи се состана со претставници на Јунајтед за да ја заврши работата за враќање на французинот во Торино.

Погба е голема желба на новиот тренер, на Јуве, Маурисио Сари, но функционерите на клубот веќе долго време, се во трка со Реал Мадрид за неговиот потпис.

Кралскиот клуб подготви 125 милиони од 26-годишниот играч од средниот ред, што е помалку од Јувентус.

Погба во финишот на минатата сезона, објави дека тој може да оди во Реал Мадрид, но, секако, не му пречи да се врати во Торино, бидејќи е несреќен во Манчестер.